Faruk Zorlu
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
АНКАРА (АА) - Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека на 7 милиони луѓе во северниот регион Тиграј во Етиопија им е потребна итна помош, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Повеќе од една година, де факто блокадата лиши 7 милиони луѓе во Тиграј од итно потребната здравствена заштита и пристапот до храна. Луѓето умираат“, напиша на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.
Повикувајќи ги Етиопија и Еритреја да гарантираат непосреден и безбеден пристап, тој рече: „Животот е скапоцен - насекаде.“
Извештајот објавен од Светската програма за храна предупредува дека околу 13 милиони луѓе низ Етиопија, Кенија и Сомалија се соочуваат со силен глад поради најголемата суша регистрирана од 1981 година.
Конфликтот меѓу етиопската Влада и бунтовниците на Тиграј започна во ноември 2020 година, откако бунтовниците ги нападнаа армиските позиции низ Тиграј, вклучувајќи го и главниот град Мекеле.