Fatih Hafız Mehmet
08 Ноември 2019•Ажурирај: 09 Ноември 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Првичните состаноци на Комитетот за состав на нов Устав на Сирија поминаа подобро отколку што очекуваа повеќето, изјави денес претставникот на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Геир Педерсен, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на прес-конференција, Педерсен истакна дека разговорите започнале добро, а режимот и опозицијата се согласиле да ги продолжат состаноците во Женева на 25 ноември.
Уставниот комитет е под мандат на Женевскиот процес во рамките на ОН, кој има за задача да подготви уставни реформи кон политичко решение на кризата во Сирија.
Првата рунда состаноци започна на 30 октомври, со учество на 150 члена на Уставниот комитет.
Уставниот комитет има двајца копретседатели: Ал Бахра, поранешниот претседател на Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили, додека од страната на сирискиот режим копретседава Ахмед Кузбари, адвокат од комитетот кој учествуваше во креирање на претходниот устав.
Граѓанската војна во Сирија започна во 2011 година, кога силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги разбија демонстрациите на народните маси со неочекувана свирепост.