Yıldız Nevin Gündoğmuş
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
АНКАРА
Неутрализирани се уште пет терористи во рамки на операцијата „Канџа-тигар“, која успешно продолжува во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Во рамки на операцијата „Канџа-тигар“, која успешно продолжува во северниот дел на Ирак, неутрализирани се уште 5 терористи“, се вели во соопштението, и се додава дека уништени се и упоришта, засолништа и други средства во пештерите.
Исто така, во соопштението се истакнува дека во овие рамки досега се неутрализирани 107 терористи.