свет

Операција „Маслинова гранка“: Oслободени сите центри во афринскиот регион

Репортерот на АА од терен јавува дека Турската армија и силите на сириската опозиција утрово од терориститете на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ го исчистија и центарот на градот Мабатли, кој се наоѓа северозападно од градот Aфрин

Ekipa  | 18.03.2018 - Обновена : 19.03.2018
Операција „Маслинова гранка“: Oслободени сите центри во афринскиот регион

Afrin

АНКАРА (АА) - Во продолжение на операцијата „Маслинова гранка“ на Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска армија (ССА) денес беше ослободен центарот на градот Мабатли во пограничното подрачје на Aфрин, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Репортерот на АА од терен јавува дека Турската армија и силите на сириската опозиција утрово од терориститете на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ го исчистија и центарот на градот Мабатли, кој се наоѓа северозападно од градот Aфрин.

Утринава беше ослободен и центарот на градот Африн, така што сите урбани средини во афринскиот регион беа ослободени од терористите.

Северозападното подрачје на Африн го сочинува истоимениот град и шест други помали градови.

Сите градски центри се ослободени од терористите, а Турските вооружени сили и Слободната сириска армија имаат намера да се забрза работата за ослободување на преостанатите рурални региони, кои сè уште се окупирани од страна на терористите ЈПГ/ПКК-ДЕАШ.

Станува збор за неколку села во близина на градовите Мабатли, Џиндерес и Шејх Хадид.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со Турското право, засновано на Меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın