Ali Kemal Akan
13 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили неутрализираа најмалку 1.439 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сириското погранично подрачје на Aфрин, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на вооружените сили на Турција соопшти дека турските воздушни сили уништиле неколку терористички упоришта во изминатите 24 часа и неутрализирале најмалку 70 терористи.
Во соопштението се наведува дека најмалку 1.439 терористи се неутрализирани од почетокот на операцијата во Африн, и дека операцијата се одвива според планот.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режимот на Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.