Serdar Dincel, Zein Khalil
17 Јуни 2026•Ажурирано: 17 Јуни 2026
Оската меѓу Турција, Катар и Пакистан предизвикува загриженост во Тел Авив, изјави денес израелски владин министер, јавува Анадолу.
„Она на што сме сведоци е подемот на нова оска“, изјави министерот за прашања на дијаспората Амихаи Чикли во коментар за израелското радио „103 ФМ“, додавајќи дека овие три земји помогнале во обликувањето на неодамна објавениот договор меѓу САД и Иран.
„Новиот договор е загрижувачки, а најмала грижа ми е економското закрепнување на Иран“, додаде тој.
Чикли ги даде овие изјави во време на остри критики во Израел насочени кон премиерот Бенјамин Нетанјаху. Опозициските функционери го обвинуваат за неуспех, тврдејќи дека американскиот претседател Доналд Трамп целосно го исклучил од преговорите со Иран за ставање крај на војната.
Вашингтон и Техеран постигнаа привремен прекин на огнот на 8 април со посредство на Пакистан, по што во понеделникот објавија рамковен договор за прекин на конфликтот. Се очекува договорот официјално да биде потпишан во Швајцарија в петок.
Министрите во израелската Влада веќе јавно го изразија своето противење на овој договор.
Засега нема официјална реакција од Турција, Катар и Пакистан во врска со изјавите на Чикли.
Овие три земји во континуитет ги поддржуваат дипломатските решенија за надминување на конфликтот меѓу САД и Иран, како и сите напори насочени кон зајакнување на регионалната стабилност.