Ahmed al-Masri,Ali Semerci
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
РИЈАД (АА) - Саудиските принцови Мишал бин Абдулах Ал Сауд и Фаисал бин Абдулах кои беа приведени поради наводна корупција се ослободени, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди принцезата Нуф Абдулах Ал Сауд, објавувајќи фотографија од принцовите на социјалните мрежа.
Не е објавена официјалната изјава на принцовите, меѓутоа на интернет сајтот "Sebak" е наведено дека се ослободени по финансиско порамнување.
Главниот обвинител на Саудиска Арабија шејх Суд ел-Муџеб на 5 декември изјави дека Комисијата за борба против корупција повикала 320 лица да дадат изјави.
Потврди дека некои се упатени во Обвинителството. Затворени се 159 лица.
Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд на почетокот на ноември издаде кралски декрет и формираше комисија за борба против корупција.