Emel Öz
07 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Основачот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, објави дека во јули ќе патува во вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овој милијардер на социјалните медиуми објави дека со својот брат Марк Безос ќе биде на првиот лет во вселената со својата ракетна компанија „Блу Ориџин“ („Blue Origin“).
„Уште додека бев петгодишно дете сонував за патување во вселената. Со својот брат на 20 јули ќе тргнеме на тој пат“, соопшти Безос на Инстаграм.
Компанијата „Блу Ориџин“ го затвори минатиот месец првиот круг за пријавување и прими повеќе од 5.200 понуди од 136 држави.
Моментално, најголемата понуда во вториот круг на пријави за лет изнесува 2,8 милиони долари, се наведува на страницата на оваа компанија.
Процесот на пријавување ќе трае до 10 јуни, а завршната фаза ќе биде заклучена на 12 јуни.