Ekipa
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
БЕРЛИН (АА) - Властите во Келн привремено ги откажаа сите летови од германскиот Келн-Бон аеродром под сомнение дека еден човек кој влегол на аеродромот не ја поминал безбедносната проверка, јавува Anadolu Agency (AA).
Германската државна новинска агенција објави дека полицијата започнала потрага по еден човек кој е осомничен дека ги избегнал безбедносните контроли. Полицијата не сакаше да даде повеќе детали за тоа како личноста успеала да стигне до аеродромот без никакви безбедносни проверки.
Како мерка за претпазливост, властите наредија откажување на сите летови на аеродромот, а патниците беа принудени да останат внатре во авионот.