Servet Günerigök
10 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
ВАШИНГТОН (АА) ‒ Се проценува дека 6.000 - 10.000 борци оперираат во рамките на терористичката организација ДАЕШ во Ирак и Сирија, изјави шефот на Обединетите нации (ОН) за борба против тероризмот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на брифингот на Советот за безбедност на ОН, Владимир Воронков, заменик-генерален секретар на Канцеларијата за борба против тероризмот на Обединетите нации, ги повика земјите членки да продолжат да ги одржуваат придобивките против заканите од терористичката организација за да го спречат нејзиното ширење.
„Во текот на извештајниот период, организацијата ја задржа можноста да изведува напади со стабилна брзина, операции, заседи и да поставува бомби покрај патиштата во двете земји. Организацијата, исто така, продолжи да ги напаѓа владините сили и цивилите со очигледна цел да поттикне паника и зголемен притисок врз властите“, рече Воронков.
Тој предупреди дека операцијата е позната по својата способност да се прегрупира, па дури и да ги интензивира своите активности по големите порази.
„Можеби се неопходни воени антитерористички операции, но потребни се сеопфатни мерки со силен фокус на превенцијата за да се одговори на динамиката што поттикнува тежнеење кон тероризмот“, додаде тој.
Минатата недела, водачот на ДЕАШ, Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши, беше убиен откако се разнесе за време на операција на американските сили во северна Сирија. Ал Курајши, чие вистинско име беше Амир Мухамед Саид Абдул Рахман ал Мавла, застана на чело на организацијата откако Ебу Бекр ал Багдади беше убиен од страна на САД во 2019 година.
Воронков истакна дека е клучно да се надоврзе на моментумот по смртта на Ал Курајши.
„Сега е време да се фокусираме на незадоволството што ДЕАШ и другите терористички организации го користат со нивната пропаганда за да привлечат нови следбеници. Мораме да се фокусираме на враќање на човечкото достоинство, довербата и социјалната кохезија“, рече тој.
„Ова мора да започне со решавање на очајната ситуација во камповите за раселување и објектите за притвор низ Сирија и Ирак.“