Ekip
07 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
РАМАЛА
Палестина денес го осуди израелското одбивање повторно да биде отворен Американскиот конзулат што би им служел на Палестинците во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во саботата израелскиот премиер, Нафтали Бенет, кажа дека нема место за конзулат на Соединетите Американски Држави (САД) што би им служел на Палестинците во Ал-Кудс.
Изјавата на Бенет е: „Критичен тест за американската управа на Џо Бајден“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестина.
Министерството ја повика американската управа да остане на својот став за повторно отворање на Американскиот конзулат во Ал-Кудс за Палестинците.
„Крајно време е меѓународната заедница да го преземе водството во почитувањето на сите обврски и да ја преземе правната и морална одговорност кон израелската окупација и израелските населби, и да ја прекине жалната доверба во Владата на Израел“, наведе Министерството.
Во 2019 година поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, го затвори Американскиот конзулат во Источен Ал-Кудс и го спои со Американската амбасада откако беше преместена од Тел Авив во Ал-Кудс.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно ги најави плановите за повторно отворање на Американскиот конзулат во Источен Ал-Кудс.
Ал-Кудс и понатаму е во средиштето на израелско-палестинскиот судир, а Палестинците се надеваат дека источниот дел на градот, што сега е окупиран од Израел, би можел на крајот да биде главен град на идната палестинска држава.