Aida Cako
11 Февруари 2025•Ажурирај: 15 Февруари 2025
ГАЗА (АА) - 34-годишниот палестински готвач, Мохамед aл-Омрин, дели бесплатна пица за децата во Газа, јавува Анадолу.
Тој, заедно со волонтери кои му помагаат, подготвува пици за палестинските деца во својата мобилна количка за пица, на која што е насликан портет од цртан лик.
Со својата мисија да ги развесели децата во Газа, Ал-Омрин патува низ различни населби и дели бесплатна пица на оние на кои им е најпотребна.
На фотографиите направени од фоторепортерот на Анадолу се гледаат децата кои радосно примаат парчиња пица.
Со ваквата иницијатива, тој покрај тоа што настојува да внесе радост кај децата кои живеат во тешки услови, исто така ја поттикнува и солидарноста меѓу заедницата.