Ekipa
16 Јули 2019•Ажурирај: 17 Јули 2019
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот затвореник Наср Такатка (31) почина во израелски затвор од сѐ уште непознати причини, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Здружението на палестинските затвореници, Кадура Фарис, во изјавата за АА истакна дека според првите информации кои стигнале до нив, палестинскиот затвореник Наср Такатка ова утро во израелскиот затвор Нитзан го загубил својот живот.
Фарис истакна дека немаат информации за причините за смртта.
Од друга страна пак, во соопштението од Здружението на палестинските затвореници се наведува дека според информациите добиени од семејството, Наср немал никакви здравствени проблеми и бил апсен по првпат.
Во соопштението за смртта на Наср Такатка се обвинува израелската администрација.
Палестинецот Насир Такатка беше приведен од својот дом во Витлеем минатиот месец. Нема никаква судска одлука за неговото апсење.