Afra Aksoy,Zeynep Hilal Karyağdı
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
РЕФА (AA) – ХАНИ ЕШ-ШАИР –
Поради блокадата која на Појасот Газа Израел ја имплементира со години, покрај тешките животни услови и цивилните загуби, Палестинците се лишени и од правото да им го кажат последното „збогум“ на нивните блиски во погребалната церемонија.
Од 30 март кога започнаа мировните демонстрации на „Маршот на големото враќање“ во Газа, Израел не им ги предава труповите на 8 Палестинци на нивните блиски. Бројот на труповите кои Владата на Тел Авив ги држи од 2016 година и не им ги предава на нивните блиски, достигна 25.
Селва Абдулал (52), мајка на 17-годишниот Палестинец Халид, кој за време на протестите беше повреден со огнено оружје од страна на израелските војници, и потоа беше приведен заедно со неговите двајца пријатели, за кого преку Центарот за човекови права „Мизан“, беше соопштено дека загинал на 2 јули, во изјава за АА истакна дека не успеала да го добие трупот на својот син.
Мајката Палестинка изрази желба да го добие трупот на својот син за да го бакне во чело, и да му го каже последното „збогум“, да го погреба за одвреме-навреме да може да го посети гробот. „Досега не знам што му се случи на мојот син. Сè што знам е дека е ранет со оружје, фатен од страна на окупаторските сили, и потоа дека загинал“, додаде таа.
- „Лишени сме од правото да му го кажеме последното ’збогум‘ “
„Халид, тој ден, како и другите деца и младите момчиња кои учествуваа на мировниот протест, отидоа на „Маршот за враќање“, кој е 300 метри далеку од границата. Израелските војници отворија оган врз нив, и потоа ги фатија“, раскажа Абдулал, објаснувајќи дека нејзиниот син го завршил средното образование, само неколку дена пред да загине.
Таа истакна дека нејзиниот син сакал да студира Право во Турција. „Зошто е отворен оган врз мојот син кој беше мирољубив и зошто лошо го третирале?“, запраша тажната мајка.
- „Не отворајте оган“
Исто така, и Џасир Ебу Џезер (40) е еден од родителите кои ги чекаат труповите на своите деца, односно трупот на нeговиот син Јусуф Еву Џезер (15), кој Израел го држи од 29 април.
Тој, раскажувајќи како го застрелале неговиот син за време на протестите на „Маршот на големото враќање“, рече дека неговиот син рекол „Не отворајте оган“.
„Не знаеме зошто се случија овие нешта, нема ниту една причина. Мојот син немаше ништо друго, освен парче леб и пијалак“, рече таткото Ебу Џезер.
- Труповите на 8 Палестинци се држат од 30 март
Јахја Мухариб, адвокат на Центарот за човекови права „Ел-Мизан“, истакна дека поседуваат осум досиеја во врска со труповите на Палестинците кои се држат од страна на Израел од протестите организирани во Газа од 30 март.
Тој нагласи дека адвокатите контактирале со надлежните на израелските затвори за да ги земат Палестинците, приведени од страна на израелските војници, а надлежните усно кажале дека тие загинале.
Мухариб рече дека адвокатите ги презеле потребните чекори за да им ги предадат труповите, но досега не добиле резултати.
Адвокатот Мухариб рече дека ги следеле сите процедури кои ќе им овозможат да ги добијат труповите од израелските власти, но дека сè уште не добиле позитивен резултат.
Нацрт-законот кој предвидува предавање на труповите на загинатите Палестинци и тврди дека тие организирале операции против израелските цели, во март беше усвоен од израелскиот Парламент.