Oktaj Omeragikj
24 Јануари 2025•Ажурирај: 28 Јануари 2025
РАФА (АА) - По стапувањето на сила на прекинот на огнот во Појасот Газа дистрибуирана им е храна на Палестинците во Рафа, во јужниот дел на палестинската енклава. При поделбата на храната забележан е голем метеж меѓу народот, известува Анадолу.
Палестинците кои избегаа пред израелските напади, побараа засолниште во јужниот дел на палестинската енклава. Палестинците, вклучително и деца, не можејќи да ги задоволат своите основни потреби за храна, чекаат со празни садови во редици за да добијат храна што ја дистрибуира хуманитарна организација.