свет

Повеќе од 45.700 Палестинци се убиени во израелскиот геноцид во Газа

Израелските сили во изминатите 24 часа убија 59 Палестинци и ранија 273, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Ikrame Imane Kouachi  | 04.01.2025 - Обновена : 05.01.2025
Повеќе од 45.700 Палестинци се убиени во израелскиот геноцид во Газа

ГАЗА (АА) - Најмалку 59 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на убиени од октомври 2023 година се зголеми на 45.717, соопшти денес Министерството за здравство на Газа, известува Анадолу.

Министерството за здравство на палестинската енклава информираше дека израелските сили во истиот период повредиле околу 108.856 луѓе.

„Израелските сили убија 59 и ранија 273 лица во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

Израел продолжува со својата геноцидна војна во Појасот Газа, во која систематски ја уништува инфраструктурата на палестинската енклава од 7 октомври 2023 година. Бројни убиени Палестинци сѐ уште се под урнатините и на патиштата, а спасувачките тимови не можат да стигнат до нив поради израелските блокади.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın