Ikrame Imane Kouachi
29 Октомври 2026•Ажурирано: 29 Октомври 2026
Повторно избувнаа судири меѓу јеменските владини сили и групата Хуси на неколку фронтови јужно од Таиз, објави денес телевизијата Јемен Тудеј, пренесува Анадолу.
Телевизијата соопшти дека борбите продолжиле на фронтовите Ал-Акруд и Ал-Масрах, како и во селото Ал-Рахн, во округот Сабир ал-Мавадим.
Меѓународниот аеродром во Аден повторно ги пушти летовите.
Аеродромот и околните области беа цел на ракетни напади по заканите на Хусите дека ќе го нападнат објектот.
Вчера ракета паднала во кампот „Ал-Наср“, кој се наоѓа веднаш до аеродромот и во кој се сместени силите на јеменската крајбрежна стража и седиштето на Министерството за внатрешни работи, изјавија очевидци за Анадолу.
Подоцна јеменската армија соопшти дека две балистички ракети истрелани од Хусите го погодиле аеродромот, при што биле повредени цивили и била предизвикана материјална штета.
Инцидентот се случи по повикот на воениот портпарол на Хусите, Јахја Сари, луѓето што се наоѓаат на аеродромот да го напуштат објектот пред планираниот напад, објави телевизискиот канал Ал-Масира, поврзан со Хусите.
Јемен е во војна откако Хусите ги зазедоа престолнината Сана и неколку провинции во септември 2014 година.
Коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше во март 2015 година во поддршка на меѓународно признатата Влада на Јемен.