Burak Bir
15 Април 2026•Ажурирај: 15 Април 2026
Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека „нема да попушти“ пред притисокот на американскиот претседател, откако Трамп сугерираше повторно отворање на трговскиот договор со Велика Британија, како дел од најновиот притисок околу војната со Иран, јавува Анадолу.
„Нема да го променам моето мислење. Нема да попуштам“, изјави Стармер за време на неделната сесија за пратенички прашања во Долниот дом на Парламентот.
Тој ги даде неговите изјави како одговор на прашањето на лидерот на Либералните демократи, Ед Дејви, во врска со интервјуто на Доналд Трамп за „Скај њуз“ во кое тој се закани дека ќе го „раскине“ трговскиот договор со Велика Британија како казна за тоа што не се приклучиле на неговата војна со Иран.
Стармер повтори дека Велика Британија „нема да биде вовлечена во оваа војна“, бидејќи тоа не е во британскиот национален интерес.
„Тоа не е наша војна и врз мене беше извршен голем притисок за да заземам поинаков став, тој притисок го вклучува и она што се случи синоќа. Нема да го променам моето мислење“, истакна тој.
Во интервјуто, Трамп ги дефинираше британските имиграциски политики како „неразумни“ и изрази жалење за „тажната“ состојба на специјалните односи меѓу САД и Велика Британија.
„Кога ни беа потребни, тие не беа таму. Кога не ни беа потребни, тие не беа таму. И сѐ уште ги нема“, изјави Трамп како одговор на прашањето за односите со Велика Британија.