Mustafa Deveci
06 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Повеќе од 60 радикални Евреи во придружба на полицијата влегоа во дворот на џамијата „Ал Акса“ во Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Управата за вакуфи на Ерусалим е соопштено дека 69 радикални Евреи влегле преку влезот Ел Мегарибе, на југозападниот дел на комплексот.
Радикалните Евреи во придружба на полицијата повремено во утринските и попладневните часови влегуваат во дворот на „Ал Акса“, што доведува до зголемување на тензиите меѓу Палестинците и припадниците на безбедносните сили на Израел.
Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто површина од старото јадро на Ерусалим, кој е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.
По Месџид ел Харам во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.