Emre Aytekin
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американската агенција за аеронаутика и вселена (НАСА) објави фотографија од вселената на која се гледаат големи облаци настанати за време на пожарите во американската сојузна држава Калифорнија, јавува Anadolu Agency (AA).
Фотографијата е објавена на официјалната веб-страница на НАСА, а на неа се гледаат облаците од чад кои се издигаат над опожарените подрачја во северниот и јужниот дел на Калифорнија.
И фотографијата направена од сателитот „Тера“ покажува на огромните размери на пожарите што го погодија калифорнискиот градот Парадајс, како и пожарите Хил и Вулси, кои го опустошија подрачјето околу градот Малибу на југот на Калифорнија.
Пожарите во подрачјето на градот Парадајс избија во четвртокот, а носени од јужниот ветер ја зафатија долината Сакраменто во должина од над 400 километри, вклучувајќи го и изгорениот град Парадајс.
Градот во којшто живееја 27.000 луѓе претворен е во пеплиште, а досега потврдено е дека животот го загубиле 23 лица.