Mücahit Oktay
26 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
ЊУЈОРК
Поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој беше обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД, осуден е на 22,5 години затвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во мај 2020 година, Окружниот суд Хенепин во американската држава Минесота го приведе поранешниот полицаец Шовин, кој беше обвинет за убиство од 2. и 3. степен и убиство на човек од 2. степен поради злоупотреба на своето овластување за време на приведувањето на Флојд.
Шовин е осуден на 22,5 години затвор.
Судијата Питер Кејхил посочи на мирното однесување на Шовин при читањето на пресудата.
- Смртта на Џорџ Флојд
Флојд беше приведен на 25 мај во Минеаполис, откако наводно се обидел да употреби фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеоснимките од бруталното приведување се објавени на социјалните мрежи. Полицајците му ставија лисици и го соборија на земја, а еден од нив, Дерек Шовин, му го стискаше вратот со коленото 9 минути и 29 секунди, а Флојд го молеше да му овозможи да дише, велејќи „не можам да дишам“.
Екипите на Итната медицинска помош, кои дошле на местото на настанот, ја утврдиле смртта на Флојд во болницата во која го пренеле, а сликите поврзани со инцидентот ги разгореа дискусиите за полициското насилство врз Афроамериканците во земјата и предизвикаа насилни протести.
Шовин, кој е одговорен за смртта на Флојд, беше приведен 4 дена по инцидентот под обвинение за убиство од 2. и 3. степен и убиство на човек од 2. степен.
Шовин, кој беше приведен на 29 мај 2020 година, со кауција од 1 милион американски долари беше ослободен од затворот во Оук Парк Хајтс на 10 јули 2020 година.
На следното рочиште на кое се појави Шовин, кауцијата беше укината и тој повторно беше приведен и ставен во затвор.
Останатите тројца поранешни полицајци за кои беше откриено дека се виновни за смртта на Флојд, беа ослободени да се бранат од слобода, откако претходно платија кауција од 750.000 американски долари.
Судењето на тројцата поранешни полицајци под обвинение за помагање во убиство во режија на државата и убиство на човек се очекува да започне во август.