Emel Öz Gözellik
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
ВАРШАВА (АА) - Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, ги потпиша двата закона во врска со реформите во правосудниот систем кои предизвикаа дискусии, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дуда во интервју за еден ТВ канал информираше дека ги усвоил законите против кои била Европската комисија.
Полскиот претседател нагласи дека со овие законски измени се нудат исклучеително демократски решенија.
„Овие закони ќе ја продлабочат демократијата во правосудниот систем“ додаде тој.
Истакнувајќи дека Европската Унија се однесува дволично, Дуда нагласи дека одредени лидери на ЕУ лажат оти Полска не се грижи за вредностите на ЕУ.
Европската комисија го започна процесот за одземање на правото на глас на Полска, начин на казнување што претходно не е применето за ниту една земја-членка на ЕУ, под изговор дека судската реформа во Полска е против принципот на владеење на правото.