Sarp Özer
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
АНКАРА
Во терористичките напади извршени од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северна Сирија, во последната година животот го загубија 182 лица, вклучително и деца, а повредени се 767 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експерти за безбедност, наведувајќи дека терористите со нападите се обидуваат да ги нарушат мирот и стабилноста обезбедена во регионот, истакнаа дека можната операција на Синџар предизвика паника во терористичката организација.
Според информациите добиени од безбедносни извори, терористичката организација ПКК/ЈПГ, со нападите што ги извршува во северна Сирија се обидува да ги наруши мирот и стабилноста во регионот.
Терористите, во последната година извршија 248 напади врз цивилите, убија невини 182 луѓе, вклучително и деца, и повредија 767 лица.
Забележително е дека нападите извршени со возила натоварени со експлозив се концентрирани во области како што се Африн, Ал Баб, Џераблус и Рас ал Ајн, коишто Турските вооружени сили ги исчистија од тероризам.
Експертите по безбедност исто така посочија дека терористите со нападите имаат цел да ги заплашат цивилите и да ги принудат да ги напуштат своите места.
Истакнувајќи дека терористите на ПКК/ЈПГ своите напади ги извршуваат особено на места каде што живеат цивилите, експертите по безбедност оценија дека нападите извршени со возила натоварени со експлозив, сѐ со цел да се заплашат луѓето што живеат во регионот.
Наведувајќи дека терористите имаат за цел да ги засенат активностите и напорите за хуманитарна помош на Турските вооружени сили, експертите привлекоа внимание на времето на нападите.
Експертите наведоа дека изјавите за евентуалната операција на Синџар предизвикаа паника и деморализација кај таканаречените водачи на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ кои се обидуваат Синџар да го направат „нов Кандил“.