Ekipa
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Шведската агенција за имиграција, денеска соопшти дека има добиено шест пати повеќе апликации од британските граѓани за државјанство на Шведска, од 23 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Според портапролката на Шведската агенција за миграција, Анет Графин Силандер, агенцијата добила "рекордни" 129 барања од Британците, откако минатиот четврток Велика Британија го изгласа Брегзит или излез од Европската унија.
Таа истакна дека бројот на апликации изнесувал 20 неделно.