Betül Yürük
09 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - „Не постои можност да се постигне политичко решение додека Асад е на власт. Ако ги погледнеме дејствијата на Асад, во моментов, тешко е да видиме една мирна и стабилна влада со Асад“, истакна постојанaтa претставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хејли во интервјуто за телевизискиот канал Си-ен-ен даде проценка на политиката на САД кон Сирија и нејзините приоритети.
На прашањето: „Дали промената на режимот во Сирија сега е официјалната политика на САД?“ Ники Хејли одговори:
„Имаме повеќе од еден приоритет. Нашиот единствен приоритет не е заминувањето на Асад, се трудиме да го победиме ДЕАШ. Второ, не можеме да видиме мирна Сирија додека Асад е таму. Трето, да се разбие влијанието на Иран во Сирија и на крај да се постигне политичко решение. Мислиме дека ќе се реализира промената на режимот. Не постои можност да се постигне политичко решение додека Асад е на власт. Ако ги погледнеме дејствијата на Асад, во моментов, тешко е да видиме една мирна и стабилна влада со Асад“.
На прашањето дали американскиот претседател, Доналд Трамп, е за или против воените интервенции во Сирија, Хејли одговори: „Доколу е потребно да се направи повеќе, ќе се направи. По ова, се зависи како сите останати ќе реагираат на настаните кои се случија во Сирија“.
Хејли додаде дека тие сакаат да преземат акции за да се постигне политичко решение во Сирија, како и тоа дека сакаат да обезбедат мир во регионот.