Diyar Güldoğan
16 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел започнува дводневниот Самит на лидерите на ЕУ, на кој меѓу темите за кои ќе се дискутира ќе биде започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Самитот, на кој ќе се соберат лидери на 28-те земји членки на ЕУ, ќе биде фокусиран на Брегзит, климатските промени, финансиските проблеми и приоритети на Европската комисија со избраната претседателка Урсула фон дер Лејен, која ќе ја преземе должноста на 1 ноември.
Лидерите, исто така се очекува да дискутираат за истражувањето и активностите со сондажа на Турција во Источниот Медитеран, тековната турска операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, која е започната минатата среда, со цел елиминирање на терористите на ЈПГ/ПКК од регионот источно од Еуфрат за да се обезбеди турската граница и да се помогне во безбедното враќање на сириските бегалци, како и да се обезбеди сирискиот територијален интегритет.
Европските лидери ќе донесат конечна одлука за назначувањето на Кристин Лагард за нов шеф на Европската централна банка.