Ali H. M.Abo Rezeg
08 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, денес го посети комплексот „Ал Акса“, што претставува прва посета на израелски министер на компелксот во Источен Ерусалим (Кудс) од 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата недела, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја укина тригодишната забрана на владините официјални претставници и членовите на Кнесетот да го посетат местото.
Според очевидците, министерот Ариел, утринава, во посетата на комлексот на „Ал Акса“, предводел група на еврејски доселеници, со зголемени мерки на безбедност.
Тој, во кратко обраќање изјави дека комплексот „Ал Акса“ треба да биде отворен во текот на целата година за сите еврејски верници.
Израелската телевизија „Канал 7“ (Channel 7), објави дека претходно министерот добил согласност од Владата за посета на комплексот. Израелските официјални претставници треба да го поднесат барањето 24 часа пред посетата.
Локалните медиуми јавуваат дека израелскиот премиер Нетанјаху, на членовите на Кнесет им одобрил да го посетат комплексот, еднаш во три месеци.
Во октомври 2015 година, Нетанјаху, на членовите на Кнесет им забрани да го посетат комплексот „Ал Акса“, со цел да се смири насилството кое изби на Западниот Брег, како резултат на постојаните упади на еврејските доселеници во комплексот.