Fatih Hafız Mehmet
26 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
ЖЕНЕВА (AA) – Заседавањето на Уставотворната комисија на Сирија е прекинато откако делегацијата на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ја напушти салата во Женева, јавува Агенцијата Анадолија (АА).
Делегацијата на режимот првиот ден од продолжувањето на заседавањето на Уставотворната комисија на Сирија во Женева на дневен ред бараше да се стават уште три точки, но со оглед дека тој предлог е одбиен, делегацијата ја напушти салата.
Под покровителство на Обединетите нации во Женева првиот состанок на Уставотворната комисија на Сирија е одржан минатиот месец.
Гласноговорникот на делегацијата на сириската опозиција Јахја Ал Ариди на новинарите им соопшти дека состанокот е откажан.
Тој откри дека делегацијата на режимот барала на дневниот ред да се стават три точки и тоа расправа за борба против тероризмот, кинување на санкциите и осуда на турските воени операции на северот на Сирија. Додаде дека е јасно оти целта била оспорување на договорот кој Сирија и Турција го потпишале во 1998 година во Адана.
Во согласност со документот кој на 26 јули го потпиша генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, Уставотвродната комисија на Сирија ја сочинуваат вкупно 150 делегати, односно по 50 делегати кои го претставуваат сирискиот режим, опозицијата и цивилниот сектор.
Комисијата е составена од две тела. Прво, големо тело го сочинуваат сите членови на Комисијата, а второ тело го чинат по 15 избрани делегати од сите три делегации кои ќе бидат одговорни за техничкиот дел на пишувањето на уставот. Сите предлози на 45-члената група ќе морат да бидат одобрени од страна на 150 членови на Комисијата, односно со најмалку 75 отсто од гласовите.
На чело на КОмисијата се копретседавачите кои ја претставуваат опозицијата и режимот. Опозицијата ја предводи поранешниот припадник на Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили (SMDK) Хади ал Бахра, а на чело на делегацијата на режимот е правникот Ахмед Кузбари.