Sinan Doğan
31 Јули 2022•Ажурирај: 01 Август 2022
БОГОТА (АА) - Претседателот на Гватемала, Алехандро Џаматеи, преживеа обид за атентат што се случи во северозападниот дел на оваа централноамериканска земја, известува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија на регионалните медиуми, неидентификувани лица го нападнале Џаматеи за време на неговата работна посета на градот Хуехуетенанго.
Властите соопштија дека Џаматеи избегал неповреден, но дека настрадале неколкумина луѓе од неговата придружба.
Телохранителите на претседателот возвратиле на нападот, а во тек е истрага за заднината на овој обид за атентат.