Ethem Emre Özcan,Muhammed Yusuf
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - МУХАМЕД ЈУСУФ / ЕТЕМ ЕМРЕ ОЗЏАН -
Претседателот на Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили, д-р Насер Харири, истакна дека режимот на Башар ал Асад и неговите приврзаници инсистираат на нови напади врз покраината Идлиб во северозападна Сирија, при што рече дека нивниот приоритет ќе биде да спречат регионот да падне во рацете на режимот.
Харири, претседателот на Високиот комитет за преговори што го формираше сириската опозиција, дада изјава за Агенција Анадолија (АА).
Во врска со најновата состојба во Идлиб, Харири рече: „Режимот и неговите сојузници инсистираат на воена операција врз Идлиб, користејќи ја борбата против тероризмот како изговор.“
„Немаме никакви сомнежи за операцијата на режимот врз Идлиб. Наш прв приоритет ќе биде да спречиме регионот да падне во рацете на режимот. Веруваме дека оваа идеја за режимот ќе биде најголемиот предизвик со кој ќе се соочиме во 2021 година.“
- „Русија пречка“ за активностите за Уставот -
Харири, во врска со четвртиот состанок за Уставот што се одржа во Женева на почетокот на овој месец, нагласи:
„Кога Русија виде дека Уставниот комитет се оддалечува од целите што ги посакуваше, се обиде да ги замагли работите. Русија не сака Комитетот да работи под покровителство на Обединетите нации (ОН), напротив, се обидува да воспостави комитет за помирување кој ќе работи на терен под закана со оружје.“
Харири исто така додаде дека се загрижени што уставниот процес напредува како што посакуваат Русите, кои се активни на терен. „Меѓународната заедница е зафатена. Значи, гледаме дека меѓународните напори се насочени кон руската визија.“
Нагласувајќи дека состаноците на 5. круг на Сирискиот уставен комитет се планираат да започнат на 25 јануари 2021 година, Харири рече: „Не е јасно дали оваа средба ќе се одржи на наведениот датум поради новиот вид коронавирус (Ковид-19). Основните принципи на Уставот ќе бидат главната агенда на состанокот.“
Посочувајќи дека сакаат политичко решение без Асад, Харири рече дека додека постои сегашниот режим, не е можна борбата против тероризмот.
Нагласувајќи дека режимот на Асад не сака политичко решение, Харири истакна дека режимот се подготвува за претседателските избори и дека тоа е нелегално.
- Најновата состојба на истокот од реката Еуфрат -
Претседателот на Националната коалиција на сириските опозициски и револуционерни сили, Харири, за последните случувања во регионите окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК, рече: „СДГ [терористите на ЈПГ/ПКК] не ги раскинуваат врските со ПКК, не се откажуваат од своите практики против сирискиот народ и идејата за федерализам.“
Харири, истакнувајќи дека СДГ кои се под раководство на ЈПГ/ПКК, не се повлекоа од регионите согласно договорите Турција - САД и Турција - Русија од 2019 година, рече дека Турција и Сириската национална војска (СНВ) предупредиле за исполнување на договорите.
Објаснувајќи ги судирите меѓу СНВ и ЈПГ/ПКК во Ајн Иса на Aвтопатот М4 и околните области, Харири рече: „По провокациите и нападите на СДГ преку тајните ќелии, започнаа воените операции.“
Тој нагласи дека доколку СДГ не се повлечат од овие региони во наредните денови, воените операции може да продолжат, и ја обвини меѓународната заедница дека нема сериозен став како Турција и сириската опозиција за да се отстрани ПКК од Сирија.
- Предупредување за СДГ до избраната нова администрација во САД -
Во врска со влијанието на претседателските избори одржани на 3 ноември во САД врз сириското прашање, Харири рече: „Од американската администрација дознавме дека нема да има промени во политиките на САД за Блискиот Исток и Сирија. Приоритети ќе бидат борбата против ДЕAШ и отстранувањето на Иран од Сирија. Слушнавме дека ќе придонесат и за политичкиот процес поддржан од ОН.“
Харири исто така рече дека влегувањето на САД во нови преговори со Иран или постигнувањето нов договор ќе доведе до зголемување на иранското население во Сирија.
Предупредувајќи ја новата администрацијата на Бајден, Харири нагласи: „Имаше добра врска помеѓу претходната администрација [администрацијата на Трамп] и СДГ. Секоја нова поддршка на СДГ навистина ќе спречи да се постигне решение во регионот.“