Handan Kazancı
10 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, го одликуваше Халук Бајрактар, главниот извршен директор на турската водечка компанија во одбранбената индустрија Бајкар, со државниот Орден за заслуги од прв ред, известува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата на украинскиот претседател соопшти дека Зеленски го примил Бајрактар и му го врачил Орденот за заслуги од прв ред.
„Учесниците на состанокот беа фокусирани на понатамошната соработка на Украина со компанијата Бајкар во јакнењето на одбранбените способности на украинските одбранбени сили“, се наведува во соопштението на Канцеларијата на претседателот Зеленски.
Зеленски и Бајрактар разговараа и за деталите за изградбата на фабриката Бајкар во Украина и производството на нови производи користејќи украински делови.
Украинскиот претседател ѝ се заблагодари на Туркије за поддршката среде руско-украинската војна.
Бајрактар го потврди состанокот на социјалната мрежа Твитер, споделувајќи фотографии со орденот.
„Би сакал да му се заблагодарам на господинот претседател на ова високо признание. Ќе продолжам да се залагам за свет во кој владеат мир и правда“, порача Бајрактар.