Recep Şakar
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
МЕЛБУРН (АА) - Во потрага по остатоците од авионот на „Малезија Ерлајнс" на летот 370, кој исчезна во март 2014 година, истражувачите на терен во длабочините на океанот пронајдоа остатоци од два трговски бродови од 19 век, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот исчезна на 8 март 2014 година на летот од Куала Лумпур до Пекинг со 239 лица.
Малезија во јануари постигна договор со компанијата „Океан Инфинити" од Хјустон, за да се продолжи со пребарувањето на авионот, една година по завршената официјална акција која ја водеше Малезија, Австралија и Кина во јужниот Индиски Океан.
Остатоците од бродовите се пронајдени на длабочина од четири километри. Се претпоставува дека станува збор за англиски бродови кои во 19 век превезувале јаглен.
Д-р Рос Андерсон од Музејот на Западна Австралија смета дека еден од бродовите во 1868 година се движел од Англија во Индија и дека на него се наоѓале 28 членови на екипажот.
Според него, постои можност дека бродовите биле потопени во 1894 и 1897 година.
Авионот МХ370 исчезна на 8 март 2014 година на летот од Куала Лумпур до Пекинг со 239 патници. По еден час, тој престана да испраќа сигнали за контрола на летот и исчезна од радарот.
Неколку дена по мистериозното исчезнување, малезиската влада, изјави дека авионот го нема, и дека сите патници и членови на екипажот се мртви.
Досега најскапото пребарување во историјата на цивилното воздухопловство започна на 18 март 2014 година на место на површина од над 4,5 милиони квадратни километри.
По пребарувањето на авионите и бродовите, предноста беше дадена на подморското истражување кои исто така не даде резултати.