Eşref Musa,Adham Kako,Burak Karacaoğlu
15 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
ИДЛИБ (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека режимот на Асад притворил 1.916 цивили кои се вратиле во Сирија од земјите во кои се засолниле во периодот од 2014 до 2019 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права во извештајот за лицата што се вратиле во Сирија и за притворените соопшти дека режимот на Асад притворил 1.916 цивили кои се вратиле во Сирија.
Од притворените, вкупно 1.916 цивили, 219 се деца, а 157 се жени, додека 15 цивили кои биле притворени, биле мачени и убиени.
Во извештајот се истакнува дека режимот на Асад, од вкупно 1.916 цивили кои биле притворени, 1.132 ги пуштил на слобода, а потоа тие сосила биле однесени во армијата.
„Сирискиот режим продолжува да претставува сериозна и варварска закана. Сириските бегалци никако не треба да се вратат во своите земји“, се вели во извештајот.
СНХР во извештајот што го објави на 30 април имаше истакнато дека режимот на Асад, од почетокот на граѓанската војна до април 2019 година, од приведените стотици илјади луѓе, 14.900 ги убил со мачење.