Bilgin S. Şaşmaz
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
ЧИКАГО (AA) - Поради зголеменото насилство околу илјада граѓани присуствуваа на протестната прошетка во американскиот град Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Укажаа на насилството кое се зголемува од година во година во јужните делови на градот. Поради протестната прошетка затворени се некои улици во градот. Преземени се и опсежни безбедносни мерки. Граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше: „Крај на насилството“.
Побараа и оставка од градоначалникот Рам Емануел. Извикуваа слогани: „Рам Емануел треба да замине“, „Ако нема правда, нема ниту мир“.
Носеа и фотографии на граѓаните што ги изгубија животите во оружените напади во градот и ја критикуваа политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и и на градоначалникот Емануел.