Ata Ufuk Şeker
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
БРИСЕЛ (АА) - Со блокирање на главните патишта, стотици таксисти во Брисел протестираа поради работата на конкурентната агенција „Убер“, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестниот собир на бриселските таксисти почна на платото „Атомиум“, еден од симболите на белгискиот главен град, а потоа автомобилите го блокираа сообраќајот на неколку главни и транзитни патишта во градот.
Полицијата апелира до граѓаните да користат возила за јавен превоз, како што се метрото и трамвајот, за да се намалат ефектите од колапсот на сообраќајот.
Во Брисел се регистрирани 1.270 такси, а таксистите тврдат дека нивната работа е загрозена од околу 1.000 автомобили на „Убер“.
„Убер“ е компанија која од 2009 година од седиштето на Сан Франциско во стотици градови низ целиот свет нуди услуга за регистрирање на приватни возила, како што се такси-превозниците, за што зема месечна претплата. Во моментов, повеќе од еден милион возила на „Убер“ нудат такси-услуги во повеќе од 600 градови низ светот.