Burç Eruygur
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до Венецуела по двата силни земјотреса во кои загинаа најмалку 32 лица, а околу 700 се повредени, пренесува Анадолу.
Во писмото Путин побара од својата венецуелска колешка Делси Родригез да ги пренесе неговите сочувства до семејствата и блиските на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените, соопшти Кремљ.
„Ги изразуваме нашите чувства на солидарност и поддршка кон пријателскиот народ на Венецуела во овие тешки моменти“, рече Путин.
Доцна синоќа Родригез прогласи вонредна состојба по силните земјотреси што го погодија северниот карипски брег на Венецуела, предизвикувајќи големи штети и активирајќи предупредувања за цунами во регионот.
Родригез соопшти дека најмалку 32 лица загинале, а околу 700 се повредени во земјотресите.