Hakan Ceyhan Aydoğan,Emre Gürkan Abay
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин по телефонскиот раговор кој го остварил со Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, ја информирал владата за нармализирање на односите со Турција, јави Anadolu Agency (AA).
Во соопштението дадено во прес-центарот во Кремљ, се дадени детали од телефонскиот разговор меѓу претседателот на Турција Ердоган и претседателот на Турција Путин.
Во соопштението околу телефонскиот разговор Путин изјавил дека писмото кое претседателот Ердоган го испрати е добра основа која може да ја заврши кризата меѓу двете земји.
Претседателот Путин и дал обврски на владата во нормализирање на трговската, економска и останати области со турските власти и им дал инструкции за отстранување на ограничувањата поврзани со туристичките патувања во Турција.
„Очекуваме и некои чекори од Турција за обезбедување на безбедноста на руските граѓани кои ќе ја посетат Турција", рекол рускиот претседател Путин.
Во соопштението се вели дека двајцата претседатели имале конструктивен разговор кој беше воден во знак на традиционалното пријателство, за повторно воспоставување на билатерални односи.
Путин побарал да започне истрагата поврзана со наводното убиство на Рускиот пилот од соборениот руски воен авион и надевајки дека случајот ќе има фер завршница.
Се наведува дека во рамките на телефонскиот разговор било договорено во најкусо време одржување на двојна средба меѓу двајцата претседатели.
Исто така, во соопштението се наведува дека министрите за надворешни работи на двете држави, датумот на средбата ќе го решет на 1-ви јули во Сочи на средбата на министрите за надворешни работи на Седницата на Црноморската економска соработка.
Во врска со терористичкиот напад кој се случи на аеродромот Ататурк во Истанбул, рускиот претседател Путин му изразил сочуство на претседателот Ердоган.