Esat Fırat
22 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел соопшти дека ракета земја-воздух истрелана од Сирија паднала на југот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Израелската армија е наведено дека е извршен ракетен напад од сириска територија врз регионот Негев (пустината Негев) на југот на Израел.
„Пред малку е утврдено дека е лансирана ракета земја-воздух од Сирија во регионот на Негев“, се истакнува во соопштението.
Се посочува и дека е погодена батеријата од која е истрелана ракетата.
„Како одговор на нападот, Израелската армија ја погоди батеријата од која е истрелана ракетата, а исто така ги погоди и другите батерии на ракетите копно-воздух кои се наоѓаат во сирискиот регион“, се додава во соопштението.
Нема никакви информации во однос на тоа дали во нападот има загинати или повредени.
- Официјалната агенција на сирискиот режим јави за нападот -
Од друга страна, САНА, официјалната новинска агенција на Сирија, соопшти дека Израел извршил ракетен напад врз главниот град на Сирија, Дамаск.
Во веста се нагласува дека Израел извршил ракетен напад врз регионот Думајр во Дамаск.
„Нашите системи за противвоздушна одбрана одговорија на непријателските ракети“, се истакнува во веста.
Се наведува дека покрај Сириската армија околу Дамаск се стационирани и групи блиски до Иранската револуционерна гарда.