Mohamad Misto
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
АНКАРА (АА) - По договорот за прекин на огнот, кој минатата недела беше воспоставен во Сирија под раководство на САД и Русија, силите на режимот на Асад 254 пати го прекршија прекинот на огнот во 34 области низ земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Умерената сириска опозиција, која ја сочинуваат сириската опозиција и Национална коалиција на револуционерните сили (СМДК), дадоа писмена изјава во врска со прекршувањата на прекинот на огнот којшто минатата недела е воспоставен со посредство на САД и Русија.
Во изјавата на СМДК стои дека под влијание на Русија, режимот на Асад, кој требаше да го почитува договорот за прекин на огнот, извршил стотици напади врз цивилното население во Сирија.
Нападите биле изведени во 34 подрачја, особено во Алепо, Идлиб, Хумус, Дамаск, Дера и во Кунајтра.
Од минатиот понеделник досега, режимот 254 пати го прекршил прекинот на огнот, притоа користејќи воени авиони, артилериски единици и хеликоптери што фрлале барелни бомби.
Според информациите добиени од претставниците на екипите за цивилна заштита, режимот стотици пати го прекршил прекинот на огнот, при што во Дера загинаа 10 лица, во Хумус и во Идлиб по 4, и едно во Алепо, вкупно 19 лица. Десетици ранети цивили во населените места чекаат помош.
По договорениот прекин на огнот од страна на САД и Русија, режимот на Асад продолжува да ја попречува испораката на хуманитарната помош до цивилите, загрозени од судирите.
Дел од хуманитарната помош веќе 5 дена чека во меѓузоната на Џилвеѓозу, близу Хатај, Турција, и Баб ул-Хава од сириска страна. Одговорните од Обединетите нации информираат дека режимот на Асад не дал гаранции за безбедноста на возачите на камионите.
Американскиот државен секретар, Џон Кери, рече дека режимот на Асад е одговорен за прекршувањето на прекинот на огнот и за оневозможување на испораката на хуманитарната помош во подрачјата загрозени од судирите, додека пак, ја критикуваше Русија дека „не извршила доволен притисок“.