Ayhan Şimşek
02 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
БЕРЛИН (AA) – Уделот на имигрантите и нивните потомци во вкупната популација на Германија минатата година порасна на 23,6 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Имигрантите во 2016 година сочинуваа 22,5 отсто од населението на Германија.
Заводот за статистика „Desstatis" соопшти дека во Германија живее 81,7 милиони жители, меѓу кои 19,3 милиони луѓе чиј најмалку еден родител е имигрант.
Турците и натаму се најголема имигрантска група во Германија со 2,8 милиони. Следуваат полските доселеници со 2,1 милиони и Русите, кои во Германија ги има околу 1,4 милиони.
Меѓу 19,3 милиони германски жители со имигрантско потекло 9,8 милиони со германско државјанство и 9,5 милиони државјани на другите земји.
Во соопштението на Заводот за статитстика на Германија, во оваа држава минатата година имало 700.000 луѓе од Сирија, што за 10 отсто е повеќе во однос на нивната бројка во 2016 година.