Admir Krehmiç
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ВАТИКАН (АА) - По повод одбележувањето на католичкиот празник Велики петок, пред Колосеумот во Рим се собраа илјадници верници на Патот на крстот, јавува Anadolu Agency (AA).
По молитвата по повод Велики петок, во базиликата на Свети Петар, верниците, заедно со папата Франциско, се собраа пред Колосеумот на одбележувањето на „Via Crucis", односно Патот на крстот.
Според верувањата на католичките верници, во оваа прилика тие се присетуваат на болката и страдањето на Исус од моментот на неговото осудување, смртта, се до ставањето на неговото тело во гроб.