Ali Murat Alhas
28 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин побара од израелскиот премиер Нафтали Бенет да ги охрабри Соединетите Американски Држави (САД) да ублажат некои од нивните санкции кон режимот на Башар ал Асад во Сирија за руските компании да можат да учествуваат во реконструкцијата на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страницата „Аксиос“, повикувајќи се на израелските власти, рече дека Москва сака да го добие најголемиот дел од големите проекти за обнова во Сирија во обид да ги зголеми приходите и истовремено да го зголеми своето влијание врз сириската економија.
Се наведува дека Путин за време на состанокот во Сочи минатата недела, му рекол на Бенет дека некои руски компании се плашат да работат во Сирија бидејќи може да бидат цел на американските санкции.
„Русите тврдат дека американските санкции го отвораат патот за иранските фирми, кои веќе се под санкции, да ги добијат големите проекти за обнова, што доведува до зголемување на иранското влијание во Сирија“, се додава во текстот, во кој се цитирани неименувани израелски официјални лица.