Dmitri Chirciu
08 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
МОСКВА (АА) - Игор Конашенков, портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, истакна дека 19 ракети ХИМАРС од американско производство се соборени во воздух во украинските региони Харков, Запорожје и Херсон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков се осврна на активностите на руските воени сили во руско-украинската војна.
Наведувајќи дека како резултат на нападот на привремените позиции на 92-та механизирана бригада на Украинските вооружени сили во регионот Харков се неутрализирани околу 150 украински војници и уништени 14 оклопни возила и автомобили, Конашенков рече дека исто така неутрализирани се 70 војници на 63-тата механизирана бригада и уништени се 14 автомобили на 63-тата механизирана бригада во регионите Херсон и Миколајев.
Нагласувајќи дека баталјонот „Кракен“ ја загубил борбената способност, Конашенков додаде дека руската Армија продолжува да ги напаѓа воените елементи во Украина.
Наведувајќи дека во последните 24 часа се уништени 5 штабови на украинската Армија, 5 магацини со муниција и цистерни со гориво и 7 беспилотни летала, Конашенков рече: „19 повеќецевни ракети ХИМАРС со потекло од САД се погодени во воздух во регионите Харков, Запорожје и Херсон.“
„Досега се уништени вкупно 263 авиони, 145 хеликоптери, 363 противвоздушни системи, 1.708 беспилотни летала, 4.269 тенкови и други различни оклопни возила, 791 повеќецевен ракетен фрлач, 3.276 хаубици и 4.774 специјални воени возила“, додаде Конашенков.