Emre Gürkan Abay
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, изјави дека САД во Сирија им даваат поддршка на терористичките организации, што претставува најголема пречка за елиминирање на терористите во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата дадена за новинарите во Москва, портпаролот Конашенков тврди дека поголемиот дел од нападите врз силите на режимот на Асад се изведени од подрачјата на коишто се распоредени американските единици.
Конашенков изјави дека меѓу нападите во подрачјето постои само една врска. „Сите овие напади на сириско-јорданската граница доаѓаат од подрачјето Танф, во коешто се распоредени американските единици“, изјави Конашенков.
Портпаролот Конашенков истакна дека најголема пречка во борбата против ДЕАШ во Сирија не е воениот капацитет на терористичката организација и додаде: „Поддршката што САД им ја даваат на терористичките групи во Сирија претставува најголема пречка за уништување на терористите во земјата“, оцени портпаролот Конашенков.