Selçuk Acar
08 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) - Џозеф Мајкл Шрејбер, кој во септември подметна пожар во џамијата во Форт Пирс е осуден на 30 години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Шрејбер подметна пожар во џамијата во која одел напаѓачот од Орландо, Омар Матин. Тој во јуни минатата година усмрти 49, а рани 53 лица.
Во џамијата е причинета материјална штета од околу 100.000 долари, а судот во Флорида одреди дека Шрејбер, кој се покаја поради стореното дело, треба да плати и парична казна од 10.000 долари.
По опсежна истрага, полицијата соопшти дека пожарот го подметнал Шрејбер, кој е уапсен на 14 септември минатата година.