Muhammed Bilal Kenasari
26 Мај 2017•Ажурирај: 27 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Федералниот апелационен суд на Соединетите Американски Држави (САД) го одби барањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, за ставање во сила на визната забрана, како и на забраната за влез во земјата за државјаните на шест муслимански земји, јавува Anadolu Agency (АА).
Главниот судија, Роџер Л. Грегори, во својата изјава во врска со ова прашање нагласи дека предвидената забрана на Трамп е насочена кон одредена верска група во земјата.
Американскиот секретар за правда, Џеф Сешнс, соопшти дека ќе се спротивстават на оваа одлука.
„Министерството за правда на САД ќе ја искористи целата своја моќ за да ги заштити граѓаните на оваа земја од опасности. Ќе побараме од Врховниот суд да ја разгледа оваа одлука“, вели Сешнс во писмено соопштение.
Инаку, Декретот во врска со забраната за патување, потпишан од страна на Доналд Трамп на 27 јануари, беше спречен од страна на еден федерален судија во сојузната држава Вашингтон. Исто така, 9. Регионален апелационен суд во Сан Франциско, како и Федералниот суд на Хаваи, донесоа одлука против овој декрет.