Esra Kaymak
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад не им даде дозвола на ОН и неговите соработници за доставање на помош во опколениот град Дараја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сирискиот режим продолжува да го одбегнува договорот постигнат со ОН”, изјави портпаролот на Стејт Департментoт, Елизабет Трудо, за време на брифингот за новинари.
Поради прекршување на договорот од страна на режимот, ОН не се во можност да достават помош во Сирија, изјави таа.
„Со други зборови, режимот продолжува да го користи одбивањето на храна како воено оружје против своите цивили”, додаде Трудо и го повика режимот да се придржува до своите обврски.
За време на последниот состанок на Меѓународната група за поддршка на Сирија, групата се согласи да го искористи своето влијание кон сите страни на теренот и да овозможи доставување на хуманитарната помош. Оваа клаузула е исто така дефинирана од страна на резолуцијата на ОН 2254.
Трудо вели дека жителите на Дараја не добиле помош во храна уште од 2012 година кога режимот оневозможи дотур на храна и основни потребштини во регионот.
„Ја повикавме Русија да го искористи своето влијаније со цел да се заврши оваа нехумана политика”, изјави таа.
Поради зголеменото насилство во Алепо, таа изјави дека сирискиот режим има „право” да се судри со офанзивата на фронтот Ал-Нусра во северно Алепо затоа што групата не е една од договорните страни во договорот за прекин на огнот постигнат во февруари.
Но таа изјави дека во северен Алепо, минатиот викенд, режимот ги нападнал и „партиципиентите во договорот за прекин на огнот”, што се закани за доставата на хуманитарна помош.
„Го повикавме режимот на Асад внимателно да прави разлика помеѓу терористите и страните партиципиенти во договорот за прекин на непријателствата, истото важи и за Русија”, изјави таа.
ДАЕШ и ал-Нусра не се вклучени во договорот за запирање на постојаното насилство во разорената земја, во која, според статистиката на ОН, загинаа над 250.000 жртви во петгодишната војна.