Kasım İleri
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
ВАШИНГТОН (AA) – Голем број змии биле забележани во библиотеката „Џорџтаун“, по што објектот е ставен во карантин на два дена, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските медиуми јавија дека во саботата вработен во библиотека забележал змија во долниот дел на објектот.
Животното е фатено и ослободено во шума. Потоа, останатите вработени пронашле поголем број змии во библиотеката.
Не е познато од каде дошле змиите, а библиотеката постигнала договор со надлежните компании животните да бидат отстранети од објектот.
Кога е отворена библиотеката по карантинот пронајдена е една мртва змија, а останатите мистериозно исчезнале.
Персоналот на библиотеката изјави дека досега немале сличен случај.
Локалните надлежни институции се сомневаат дека змите се вовлекле во бројни објекти по обемните врнежи што го погодија тоа подрачје во последните неколку недели.