Ahmet Dursun
24 Јануари 2019•Ажурирај: 25 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Иранската новинарка Мерзије Хашими, која предминатиот викенд беше уапсена во сојузната американската држава Мисури, е пуштена на слобода, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на Американско-арапскиот антидискриминациски комитет, Абид Ејуб, потврди дека Хашими, државјанка на САД и Иран, која предминатата недела беше приведена во својство на „материјален сведок“, по 10 дена поминати во притвор во Вашингтон е пуштена на слобода.
Хашими во текот на 10-те дена поминати во притвор, трипати беше изведена на сослушување пред американскиот суд, но не се споделени информации за каква истрага станува збор.
Хашими е презентерка на телевизискиот канал „Прес ТВ“ (Press TV), кој при иранската државна телевизија емитува вести на англиски јазик. Хашими, која по потекло е Американка, е уапсена во градот Сент Луис минатата недела, каде што престојувала во посета на своето семејство.
Инаку, лицето за кое се смета дека поседува информации за кои се тврди дека се материјални во казнена постапка, во американското право се нарекува материјален сведок и според законот, дозволено е да се приведе.
„Прес ТВ“, по апсењето на новинарката Хашими објави дека била приведена од страна на Федералното биро за истрага (ФБИ) и била префлена во Бирото за криминалистичка обработка во Вашингтон. Објавено е исто така дека во текот на нејзиното апсење имало обид присилно да ѝ се тргне марамата и дека во притворот била ускратена за халал-храна.
Ирак потоа упати жестока осуда и побара од САД итно и безусловно пуштање на слобода на иранската новинарка.