Ekip
03 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) – Американската тајна служба соопшти дека машко лице пукаше и се повреди, покрај надворешната страна на оградата на Белата куќа и дека на местото на настанот излезе медицинска екипа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во време на инцидентот, американскиот претседател Доналд Трамп не беше во Белата куќа, бидејќи се наоѓа во Флорида, но би требал да се врати касно денеска.
Тајната служба на Твитер соопшти дека никој друг не е повдреден во врска со овој инцидент.
Тајната служба соопшти дека лицето наводно се повредило испупувајќи куршум од пушка во близина на северниот дел на оградата околу Белата куќа.
Полицијата на дистриктот Колумбиа соопшти дека нивната екипа за самоубиства и природна смрт се наоѓа на местото на настанот.
Гласноговорникот на Белата куќа соопшти дека ја следат ситуацијата и дека претседателот Трамп е известен за ситуацијата.